Патот, којшто потсетуваше на долга змија која со нејзиното издолжено тело се протега и витка на жешкото сонце , водеше до малата бистра рекичка на која имаше дрвено мосте.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Влегоа во една визба, кадешто имаше дрвен амбар со брашно.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Оние што ги играа Индијанците, зборуваа како што зборувале црвенокожците, оние, пак, што имаа дрвени пиштоли и пушки во рацете, зборуваа „каубојски“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Долапот Баба ти Марија имаше дрвен долап со кружен поклопец,однатре поставен со црвен сомот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Извишена сама крај езерото, чиниш, цапната во него; над првиот кат е кренат уште еден кат, но поголем и поширок од него, наддаден од сите четири страни како да си ставил поголема коцка врз помала; покривот четириводен собран во една точка, во еден врв на кој има дрвено дирече останато уште откога е градена куќата за врзување макара и за кревање материјал за покривот; на диречето е вкрстена штичка, но недоволно е прикована, така што, при посилен ветер, се исправа и со диречето на кое стои - прави крст; кога запира ветерот, штичката пак се спушта надолу.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Во левиот ќош мала печка а на другата страна има дрвено креветче. Струја нема. Светиме со ламба.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Од надворешната страна, од земјата до чардакот, имаше дрвени скали од коишто три скалила беа веќе одамна иструлени и висеа обесени под скалата.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Над мене има дрвен таван и на него е прицврстена четвртеста маса поставена за оброк.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Над мене има дрвен таван а на него е прицврстена четириаголна маса поставена за јадење.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
На тие зборови сакав да станам од масата, но таа ме праша: – А кај ти е обетката? – Молам? – се збунив, но почнав да пребарувам по џебовите, иако знаев дека секако нема, сега засега, да й ја покажам обетката.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Таванот е низок и масата е таман толку оддалечена за да можам лежејќи да ја испијам ракијата и да го изедам ручекот, дофаќајќи сѐ што е на масата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Гробиштата се заградени со тел и имаат дрвени крстови.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)