има (гл.) - ист (прид.)

Велат генетиката е во прашање!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Татко му, градоначалникот, има иста таква!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
По сите овие обиди за наоѓање некое „чаре“ за својата мака – тој конечно во јуни 2010 година се одлучува да покрене судска постапка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А на овој потег се решава после разговорот и позитивното искуство на еден негов поранешен колега од „Охис“, кој го имаше истиот проблем, тужеше и го доби спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сиротите животни со тажен поглед се утешуваа од зборот на нивниот газда, знаеја дека тој збор е полн со разбирање за нивната мака – тие и тој имаа иста цел: да стасаат до врвот, излегувајќи од темната магла, од коријата со згусната дабова шума.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Патријархот Јосиф, откако се согласил со Латинците дека формула за Светиот дух што произлегол од Синот го има истото значење како православната формула за Светиот дух што произлегува од Синот, паднал болен и починал.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И за болката и за среќата како да имаат иста мера на воздржаност.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сите тројца ги имаат истите движења на телото, насмевката и погледот. Долгите нозе, истуреното стомаче.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Зборот изглед (гер. Schein) има ист корен како зборот убаво (гер. schoen) и во иднината во која влегуваме тоа ќе треба да се запомни”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Палестинците и ние имаме ист корен, а се мразиме со векови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Многу години подоцна налетав на Гари Пантер кој го имал истото искуство.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Зборот „изглед“ има ист корен како зборот „убаво“ и во иднината ќе стане решавачки.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во Вавилон ја реорганизирал империјата. Персијците и Македонците имале исти права.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Меѓутоа, главната музика на шеесетите беше “acid rock”, која ја имаше истата функција како и ритуалната музика на пејотлот и на халуциногените печурки.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Аромата на тутунот го неутрализираше карактеристичниот бајат мирис на кокошарникот, што се граничеше со неговата работилница и ја имаше истата шталска црвена боја.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Лежевме заедно, ние двајцата - не, не двајцата, ние тројцата - а, Кети, знаеш ли дека јас за него имав исти чувства како за моето бебе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во поглед на можноста за вработување на определено и на неопределено време како и доквалификувањето на работниците се предвидува дека работодавачот корисник е должен да ги информира отстапените агенциски работници за сите објавени огласи за слободните работни места кај работодавачот корисник, преку истакнување на јавните огласи и на видно место кај работодавачот корисник, за да ги осигури дека ја имаат истата можност за вработување на определено или неопределено време како и другите работници.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Кога Влаинката Аспасија, Паца, како што се викала нагалено, одоколу го распрашала Спира што има и како има, и откако ѝ се видело дека тој е седало за птица каква што е таа, му признала дека тие двајцата до влакно имаат иста судбина што ги осакатила и дека нив тој златен свети Наум ги донел да се најдат пред неговиот гроб.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ја усвоиле и хетеросексуалната етика на еротското осиромашување, која лобира во корист на благотворноста на одрекувањето од сексуалното уживање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Голем дел од отворено геј-тематизираната култура што се појави по Стоунвол и понатаму ги има истите револуционерни цели на геј-ослободувањето.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Способноста да препознаеш дека некој предмет е камп и да ги наведеш другите да ја имаат истата перцепција на тој начин создава основа за заедница.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа е етиката против која геј-ослободувањето некогаш креваше светски историски бунт.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Напротив, признанието дека нешто е камп самото по себе е признавање на сопствената подложност на камп-естетиката и на сопствената готовност да се учествува во заедница составена од тие што го имаат истиот благонаклонет однос кон грозниот предмет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, таа вистински инвентивна геј-култура ја снајде истата судбина што ја снајде идентитетски заснованата култура која се појави во истиот период, во смисла на тоа дека обете изгледа предизвикуваат кај геј-публиката слично чувство на здодевност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А боливудските мјузикли можеби ја имаат истата настрана привлечност на Индискиот Потконтинент или кај народите од индиската дијаспора или другаде на планетава, која бродвејскиот мјузикл ја има во Северна Америка.19
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Колку помалку имаш секс, вели таа етика, толку тој ќе има поголемо значење, а она што треба да го посакуваш над сѐ во сексуалниот живот не е задоволството, туку значењето, значењето за сметка на уживањето, односно значењето преку исклучување на уживањето.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Или: жените имаат иста клавијатура, само на секоја различно се свири.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Па, ние сме толку слични. Дури обајцата имаме иста бемка и на исто место“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Го има истиот впечаток како пред немата игра на девојките кај северните варвари – во сè побрзо темпо, момчето ја искушува девојката, терајќи ја да го следи во изведувањето живи фигури, секоја потешка од претходната.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ја најде пурата на Ризо и ја запали; лицето ѝ трепереше на светлината од пламенот и имаше нешто во нејзините очи што можеби беше ужасувачко и задоцнето сознание дека она што го засега овој особен орач беше подлабоко од сезонските промени или сомнителната плодност, особено откако претходно сфати дека нејзината моќ на давање не вклучува ништо над или под следниов список на предмети: ножици, сатови, ножови, ленти, врвци; и затоа кон неа го имаше истото она сочувство како кон хероините на секси-романчињата, или кон исончаните но импотентни ранчери-позитивци од вестерните.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Сега, на старост, тој ја имаше истата онаа длабока брчка меѓу веѓите како него, изорана таму од постојаното муртење.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Има денови кога тие околу тебе, тие што можеш да ги видиш, да ги перципираш, имаат ист израз на лицата, радостен или тажен.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Младите луѓе, најстариот од кои беше 32-годишниот Паша Емиљевич, не го сметаа својот живот во старечкиот дом за нешто ненормално.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тие во домот живееја со исти права како и стариците, имаа исти државни кревети со ќебиња, на кои беше напишано “Нозе”, облечени беа, како и стариците, во тоалденор со боја на глушец, но благодарение на младоста и на силата, се хранеа подобро од воспитаничките.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
За него Леонардо, меѓу другото, пишува: “Стојат со грб свртени, си противречат, имаат иста желба но не се усогласени.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Многу поважно од “индивидуално-психолошките” и “психоаналитички” проблеми на неколкумина маниристи е нешто друго: појавувањето на мотивот на инверзија во маниристичката уметност и литература. (...) Постои еден цртеж на Леонардо, едно од неговите потаинствени дела: Piacere e dispiacere (Пријатност и непријатност).
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Така еден адаптивен систем, се состои од многу елементи, кои, во меѓусебното заемодејство можат да имаат иста или различна стратегија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И во тие времиња Змејко многу често помислуваше дека не е никаков привид она приближување на судбините со оној човек, со кого често изнаоѓаше дека има иста мисла.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Двете сини очи ја имаа истата мекост како шарените на нејзиниот „лотос“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И двете ја имаа истата посакувана мисла, но сепак гласно не ги проследија зборовите на дамата. - Не може да е можно!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ќе ги имаше истите долги прошетки со преплетени прсти, долги бакнежи и страст со која се стопира времето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На неколку пати испадна смешен препознавајќи се само заради тоа што многу девојки имаа иста боја на коса како онаа на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На мртва стража, со протресен топломер ги шпартам собите на децата и со бележник под мишка си ги бележам резултатите, како медицинска сестра што пред визита мора да подели терапија на сите пациенти, а тие сите имаат исти симптоми, а различна терапија, во различен час.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ќе те препознаам помеѓу илјада, тебе и твојата руса коса, која по осум години ја има истата должина, некаде до вратот, кој беше совршено млечно бел пред да се омажиш за гардиски капетан кој ги плаќа сите глупави козметички третмани. Нема љуфка.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Да ја провериме оваа претпоставка со разгледувањето на значајот на огнот во алхемиската доктрина.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Огнот има иста посредничка улога во вештината како и Меркур и солта.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Иако старата (бихевиористичка) и новата (когнитивна) психологија имаат малку заедничко, тие имаат иста цел да пронајдат научни објаснувања/дескрипции на психолошките феномени.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И тогаш би имало додатни нови вистини коишто би го имале истиот ефект.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Навидум имаа иста цел нивните чеда да живеат во подобар свет, во мир и хармонија, но патиштата до целта им беа различни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Обајцата беа во поодминати години, но го имаа истиот занес од младоста.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И други диктатори на империи како Карло Велики, Фредерик II, Шарл Кин, Хитлер, Сталин и други, со различни табиети, имаа иста цел да создадат универзална империја, според нивната утопија, според внатрешниот диктат на нивниот табиет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И, се разбира, на крајот резултатите биле поразни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Затоа џуџињата се плашеа. Како да беа печатени во два примерока - имаа исти движења и исти гласови.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И имаше ист глас кога го прашуваше: „Учен си, попе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Имаа исти гласови - врел, рапав шепот и се договоруваа со недореченост, сепак се разбираа. „Сега“, шепна една од сенките. „Заврти и шибај.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тој беше новиот трагичен херој во недрата на Картагина кој влегуваше во историјата, различно од Хабиб Бургиба, но обајцата имаа иста цел - да му донесат слобода на својот народ...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XVIII Судбината сакаше во мојата сложена дипломатска мисија да се најдам во Картагина во времето кога владетелската арена принудно ја напушташе стариот Хабиб Бургиба, верувајќи до последниот ден оти е непобедливиот Југурта, а овде го продолжуваше своето владеење со својата далечна Палестина - Јасер Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во присет ми идат зборовите на Емил Сјоран од силогизмите на горчината: Сите клевети- револуции, војни, прогонства имаат иста генеза запишана на едно знаме! И ние се готвевме за некој поход.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
ВТОРАТА ЖЕНА: Па, и јас го имав истиот проблем.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тоа цврсто безоблично тело како гранитна карпа, со рапава црвена кожа, ја имаше истата врска со телото на девојка, каква што постои помеѓу плодот на розата и расцутената роза.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имавме по два часа за шетање низ паркот и тоа време јас максимално го користев во првите неколку дена, а потоа се почесто останував затворен во ќелијата загледан низ решетката во еден од малите прозорци од женскиот дел, од каде ми се чинеше дека ме опсипува бран на светлина што ми е наменета само мене и која само јас ја чувствувам, убеден дека таму една жена го има истото чувство кое потоа продолжува во долг плач со солзи кои се и мои солзи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Знаев, бидејќи го имав истото чувство.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не може да има исти - ама има две тежини во едно слеани... за да се споделат, малку од малку да олеснат...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Вистина било - Секоја планина - своја тежина! ама оваа планина за сите си има иста тежина...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Понатаму, симптоматично е тоа што е избришана експлицитната одредба која предвидуваше дека работникот кој засновал работен однос на определено време има исти права и обврски како и работник кој засновал работен однос на неопределено време (чл. 25, ЗРО/03 – Пречистен текст) – што, во праксата, се одрази врз правата на поранешните работници, кога тие ќе останат без работа.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И двете гилотини ја имаат истата цел, но работничката гилотина со себе повлекува далеку посериозни реперкусии по животот на десетици илјади луѓе.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тарзан поради брата си, Фоти, кој пак, од друга страна, имаа исти политички гледишта со Михали.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А што велеше ти? Значи, тој сѐ уште ја има истата економка?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Не можеше оваа бунда да биде таа, старата, макар што имаше иста боја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Обајцата имаа иста цел.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Па тој ја имаше истата замисла, пред да им го запрат патот на јагулите, да замине со семејството кон Америка, со надежта на враќањето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Не го правам тоа намерно, но го има истиот ефект.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
На судот животните ги претставувал адвокат кој обично ги бранел нивните дела со тврдења дека тие, како божји суштества, имаат исти права да живеат во одредена средина или да јадат некои билки.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Помислува тогаш дека е многу лесно некој друг што во својот џеб го наоѓа неговиот телефонски број, да го има истиот проблем.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Го трие по косата, пената му се спушта по лицето и го чеша, тој сепак гледа во нејзините мрзливи, сочни усни како му се наближуваат, за да бидат заменети со влажните кадри, со кои се поигрува, наизменично издвојувајќи ги, наизменично привлекувајќи ја целата глава.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Благодарејќи им ним, славниот светски произведувач на наочари за сонце Ray Ban забележа голем профит и зголемување на продажбата бидејќи по влегувањето на филмот во кината се појави цела сурија од типови што сакаа да имаат исти “цвикери” како и Том Круз.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таа е од оние луѓе што секогаш ги имаат истите проблеми како и вие, но едно милион пати поголеми.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
” По сите правила, ваквата проза би требало да биде досадна, посебно нејзината претенциозност, но напротив.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа го знаеа и творците на филмот Top Gun.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ќе се сретнеме со тоа: ова пречекорување и ова бришење ја имаат истата смисла, тие се еден ист феномен.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Овие маскирања не се историски случајности на кои би можеле да им се восхитуваме или поради кои би можеле да жалиме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
“Чистењето е она што ми додева дваесет и четири часа на ден,” одговори Б.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Друг пример е Форд, кој на Спилберг му подари неколку свои теренски возила, за неговите диносауруси слатко да ги изгазат во паркот Јура!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дел што никогаш повеќе нема да ја има истата форма и никогаш повеќе нема да го имам за себе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И ден потоа ќе ме боли секој поглед рамнодушен, секој збор обичен, секоја ладна прегратка, погрешно и лажно искажана љубов.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Од тие причини, тој сметал дека е неопходно и без многу двоумење „да им ги разјасниме на Русите нашите посебни интереси во Источниот Медитеран, а оттука и во Грција и Турција, воедно и нашите интереси каде било на Балканот“, но потенцирал дека „со секој преземен чекор“ Британците би морале да бидат „многу внимателни и да не оставиме импресија на директен предизвик“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според тоа, за него било сосема нормално дека ако Велика Британија има свој интерес на Балканот, тогаш и Русите го имаат истиот интерес, уште повеќе што тие, "на тие простори држат многу карти" во свои раце.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Го имаме истиот проблем и со сликите на Џон Вејн.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Дури и кога не ја спомнувавме, таа беше присутна со своето давеничко тело - толку дебелкасто во споредба со твоето - и нејзините тажни гради со збрчканите брадавици и скиселено млеко - толку отпуштени во споредба со твоите кои сѐ уште распупуваа - со нејзиниот надуен стомак и срамна грмушка безбојна во блесокот на електричната светлина, со нејзината замрсена, глибава коса и надуреното, спокојно лице - толку безживотно во споредба со твоето - и бледата кожа, бела како молња, како блиц, белина што не може да се постигне на дневна светлина - колку почнав да го мразам тоа бледило, толку студено покрај цветот на твојата кожа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не раскинавме некоја одредена ноќ, како што и не постоеше некоја одредена ноќ кога почнавме да излегуваме, но се сеќавам на една есенска ноќ кога претпоставив дека бевме при крај.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во тоа време, зимата, ако еден од нас порачаше скампи со лук, обајцата моравме да ги јадеме за подоцна усните да ни го имаат истиот вкус кога ќе се бакнувавме. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 185
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И пак авторот го има истото чувство дека само што не разбрал што тие двајца во Карпош си велат еден на друг, но пак ни збор не може да расебети иако е сигурен дека слуша кристално чисто.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Неа секогаш ја опфаќа една силна возбуда, или може да се рече страв од таа голема вода што тука под нив прво е една силна врева од што не се слушаат ни гласовите на луѓето, а потоа чиниш го завлекува воздухот најзината голема снага и Пела, се разбира, секогаш го има истото чувство дека тој завлечен воздух ќе се претвори во силен ветер што ќе ја откачи од рацете на мајка ѝ и баба Перса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пелагија исто така им благодареше со топли зборови, ветувајќи им дека нема да се заборават, дека секој ден ќе наминува кај зградата Сите ние имаме иста судбина, зар не?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Малечката Пелагија воскликнуваше од радост додека ја капеше мајка ѝ, а пак Пелагија додека ја сапунисуваше се прашуваше себе си дали и таа на тие годинки ја имала истата снагичка?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Гледаш? Има иста таква ѕвезда и иста таква птица, ама погледни внимателно и ќе забележиш дека воопшто не се исти.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)