Има неколку мраморија од камен и бетон.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Дури кога во влезот стивнаа гласовите на децата на Пена заедно се нејзиниот и кога веќе не се слушаше бубтењето на Танаско, Пелагија стана свесна за отсутноста на Милка на Роса, иако таа често го имаше нејзиното лице во своите мисли, насмеано, среќно.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Имало една сиромашка жена една ќерка, како жената, така и ќерката биле много предадени на бога.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Тивко исчезнуваа, се обезвреднуваа, сѐ помалку имаше нејзини верни приврзаници, зајакнуваа центрифугалните националистички сили, се поткопуваа темелите на земјата која во биполарната епоха ја одржуваше рамнотежата меѓу источниот, комунистички свет, со разнишаните позиции на Советскиот Сојуз и неговата сателитска заедница, како и евро-атланската заедница.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Митре така и направил. Долго време ги имал нејзините ниви и бавчи.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Беше и едно заскитано крајче од мислата за тврдата удина, што можеше да му ја донесе оној самјак вчера, просто го имаше нејзиниот вкус, кога ќе се испече едно доста големо крваво парче, делнато од неа и посолено, веднаш на жарот, така што солта да потплуснува додека го печеш, но сега веќе немаше сили, а ни желба, за да продолжи да се губи во тие сонувања и глодања.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Така например, ако споменатата особа е жена на научник, може да се дознае каква претстава има нејзиниот маж за градбата на светот, за водечкото раководство и т. н.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Во таа пријатна осаменост, тој под маска на нежност или на шеговити манири, може да дознае многу нешта, кои не им се достапни ниту на најспособните шпиони.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)