има (гл.) - подготвен (прид.)

Садницата мора да има подготвена почва за да се вкорени.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А јас наслутував што ќе рече, па имав подготвен одговор: - Па и не е.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во тоа време бевте дете, но човек на ваши прашања мора да има подготвени одговори.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ти, која за секоја прилика имаше подготвени одговори, да занемеш, да му дозволиш да замине со погрешна слика и лажна вистина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)