- Овие три етапи можеме да ги проследиме во развитокот на детективскиот роман: класичниот англиски роман на „логика и дедукција“ е сѐ уште сврзан со протестантската етика, меѓутоа американскиот „тврд (hard-boiled)“ роман имплицира пропаѓање на протестантската етика и пораст на „хетерономната“, кон-другите-насочена индивидуа; повоениот „злосторнички роман“ напишан од перспектива на жртвата или на извршителот ја вмешува субјективната позиција на „патолошкиот Нарцис“, изопштеник за кого темелниот социјален Закон се нивелира на рамниште на незадолжителното „социјално правило” - „Не убивај!“ има подеднаква вредност како и „Не го повишувај гласот во друштво!“ и другите правила на убавото однесување што ги кршиме затоа што „некојпат не може поинаку”; така, Thomas Ripley, ликот од серијата на романи на Patricia Highsmith убива ако е тоа потребно, и по убиството нему навистина му е лошо зашто морал да биде толку груб...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
На светот му се заканува вечно судење,бунтовност против сѐ и против сите, мрачни предупредувања и лоши пророштва.A сите ние имаме подеднаква одговорност да се грижиме за него и со подеднакви шанси да го злоупотреби ме и осквернави ме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)