Да ќе има сув лебец да глодаме сѐ додека не ни се раскрварат жлебиниве! - пцуеше придигнатиот Стојмен. - Бамити го животецот! Дереџево кратко!
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Старчето имаше сува коскеста рачичка и стегаше со неа тврдо, а потоа и тоа замина, оставајќи му го својот студен мртовечки стисок.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сите тројца имаа суви, студени раце а на улица дождот без мака го проби неговото и онака влажно палто.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Возрасните се грижеа за дрва, за огнот, да има суви пљачки.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Долгорочните прогнози покажуваа дека ќе сме имале сув ноември, па и декември и, тоа би било поволност, но...
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)