Во Петроград тие имаат широки познанства и се ползуваат со многу арен дочек од горните слоеви на руското општество и имаат големо влијание на него.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
- Малкуте живот што му остана - истече заедно со крвта што клокотеше во неговите гради и со недоречената мисла. Имаше широка пробојна рана.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
СОЛУН е шумен и убав град. Има широки улици, а многу од нив сега се прошируваат.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Често се употребува и зборот аирлија (со среќа), со потекло од турскиот збор hayrli.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Зборот имал широка употреба, но со најчеста конотација: да се појде, да се побрза.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Зборот на турски имал широка гама значења, бил прифатен во сите балкански јазици, со иста и слична конотација, како (со) среќа, благослов, почит, израз на благодарност, на добрина и многу други слични значења.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Беше со среден раст и имаше широки рамена, беше компактно граден, лицето му беше широко, а косата и тенот на кожата му беа посветли од оние на Даниел.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тој, вообичаено, треба да има широка душа, за да ги собере сите тие незадоволства. ***
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Јаболкницата имаше широк стеблак но не можеше да ги заштити.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Претседателот имаше широки рамена и Змејко гледаше како виси со цевката надолу неговата прекрасна автоматска пушка.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Има широки пасишта и водени токови.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Второ, родовата ориентација и сексуалната ориентација не треба коренито да се издвојат една од друга или систематски да се разграничуваат во ниеден приказ на машката хомосексуалност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Прво, појавите што се разгледуваат треба да се анализираат во однос на општествените фактори, а не на биолошките.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Обете премиси одразуваат мои лични и интелектуални склоности, а не научни аксиоми, но дозволете да се обидам да ги оправдам – или, барем, да објаснам зошто претпочитам вака да размислувам за машките геј-културни практики – бидејќи мојот пристап, всушност, има широки методолошки импликации.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Современите Американци западнале во лошата навика изворот на сите нестандардни однесувања да го сместуваат или во природата или во општеството.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Едни беа за готови пари, други имаа широки пасишта по чифлизите па им требаа овци, говеда, коњи; на помладите им беа умиштата по убавите и млади Мариовки, а сите заедно го спремаа пеколното клање на старците, жените и децата што не беа за никаква употреба, за кои сејмените, од своја страна, пак, ги водеа јатаганите и гледаа дали се доста остри за да можат да поништат што повеќе нечисти ѓаури и со тоа да си осигураат подобро место во рајот, та кога ќе појдат кај големиот пророк, да има со што да му се пофалат.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
А како до решенијата, до едно поздраво и потолерантно општество кое ќе има широк “луфт” (маргини!) за артикулација на разликите, ова списание се обидува да покаже еве веќе четврта година.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Неколку кози што беа околу него, имаа широко, мазно лице, испуштаа гласови како луѓе. Тие сигурно беа луѓе...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Водата, пак, лојална, се враќа
дома, назад:
океанот има широка душа
првин ќе ѝ прости,
потем ќе ѝ го покаже патот
- кон амбисот!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Всушност, тоа е суштината на неговото дело: “Колку што ми се допаѓа идејата да бидам новински стрип цртач кој има дневен стрип што се појавува и се развива и има широка публика, и оди понатаму и сите го сакаат - и многумина од моите омилени цртачи го прават токму тоа - јас не сум создаден за тоа.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)