И ако не умрам дома туку кај што стии пиштат в борба искри кај што л'штат блазе, речи на душата - има зошто душа да е!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Албанците, гологлави, пристапија со почит, со раце скрстени. Тој час најстариот се доближи и вземи удри очи па прошепна со искрен глас: И везден ти да плачеш, имаш зошто.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
— Те викав, Сефедин, те викав и има зошто да те викам.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Јузбашијата, уште не седнат убаво, го дочитуваше краткото, но јасно писмо од кајмакамот, кое со својата содржина ги вознемири претставителите на султанот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Самиот висок, добро развиен, тој имаше зошто да се држи гордо: беше стегнат во нова скаутска униформа, земена на послуга некаде од градот, на колкот му тупкаше скаутски нож, а в рака носеше троаглесто знаменце со извезен елен - амблем на нашиот вод.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Длабоко се замисливте?И има зошто?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И има зошто да ѝ сум благодарен на баба Ленка, стројничката! (Влегува баба Ленка)
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Работи кои губат на значење, со тек на време дали твоите планирале да се родиш; што си имал географија во петто; дали некој е малку постар или малку помлад од тебе; кај си го загубил црното зимско капче; од која страна на креветот спиеш; каде си бил на летовање 1976; породилните болки; кому си му ја позајмил „Бесмртност“ од Кундера откако повторно си ја купил; ланскиот снег; сè што си заборавил, затоа што сигурно имало зошто; прашањето што би било кога би било и, повторно, дали сево ова има некаква смисла?
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Сè што ќе се случи има зошто и како.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Иако знам дека ништо не е случајно бидејќи сѐ има зошто и како. Коинциденцијата е нешто предодредено.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
„Се гинеше тогаш и имаше зошто. А денес, што? Себичност, тоа. И лага и алчност.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Туку, може да е од што ти е мака на душата... за лозјето... Е, и мене ми е жал, туку...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
АРСО: Е, чорбаџи Теодосе, ако те викаат џимрија, има зошто: и на сонцето сенка ќе му најдеш.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Ајде тој веќе има зошто да се лути: задоцнил. А и инаку пишман е што се родил...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Не сакам во туѓо тенџере сол да турам, ама ќе ти речам, еден збор, чорбаџи Теодосе: оваа девојка е токму за твој Томче.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Не, и има зошто: јас му пишував без да му ја дадам мојата адреса оти бев сигурна дека тој нема да ми одговори или, доколку го сторил тоа, би се задоволил да ми го каже тоа што веќе вам ви го кажал.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Овде, треба да прекинам. Ќе продолжам подоцна.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Се обидуваше во првите страници на својот голем историски запис да трага по посебностите на балканскиот релјеф, кој видно се одразуваше врз менталниот. И имаше зошто!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Добро забележа дека таа на неколку пати најкрадешкум што можеше го погледна за да види дали има зошто да се плаши, како што заклучи тој.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Зборуваше загледан во земјата. Потоа ме погледна в очи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Да,“ продолжи тој. „Има толку нешта кои сакам да ти ги кажам, ама не знам дали сакаш да ги слушнеш, и не знам дали има зошто да ти ги кажувам…“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Кои нешта?“ „За мајка, за мене и Марта, за децата, за Мина. За нашите сестри. За градот. За сѐ...
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Има толку нешта кои сакам да ти ги кажам, ама не знам дали сакаш да ги слушнеш, и не знам дали има зошто да ти ги кажувам…“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И има зошто да се напернати овие планини под вековна заштита и галеж - дење на Богот на сонцето, ноќум на Богот на месечината.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Треба уште да ги извади прстите од уста но тогаш нема да има зошто да го караме.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)