Во својата најдобра варијанта, оваа етика се противи на секој облик на хиерархија што може да ти текне да го донесеш со себе.203
Поентите на Керон и на Ворнер за антихиерархиските, комунитарни склоности на машката геј-култура потсетуваат на гледиштата на раниот француски геј-либерационист Ги Окенгем, кој тврдеше дека машката хомосексуалност ја имплицира новата можност за „хоризонтални“ општествени односи, наместо „вертикалните“ што се промовираат од страна на хетеросексуалната репродукција и сродност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Приклученоста за машините секако имплицира нова антрополошка констелација и нов тип на субјективно осознавање, втемелено во општото спознание.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Уметноста на виртуелните машини без тешкотии можеме да ја поврземе со сегашните трендови за естетизација (политика, јавност, стока, активности во слободно време, информации...) и посебно со оние процеси на новата сензибилност, кои се темелат на ширењето и дополнувањето на „природната”, дадена, фактичка осетливост.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)