Иако „ниеден дванаесетгодишник никогаш не бил одведен на психијатар и не му се молел на Христоса за помош затоа што собирал албуми со оригиналната екипа“, пишува Д. А. Милер, се покажало дека бродвејскиот мјузикл не е „ни трошка помал показател (за хомосексуалниот развој) од оние (други, попрепознатливи негови ‘знаци’) што биле страшно видливи уште од мигот кога се појавиле“.373 Се обидов да објаснам зошто, да укажам каква врска може да има конструирано поетиката на американската култура меѓу жанровите на дискурсот – или стиловите на изразувањето, односно видовите на општествена изведба – и облиците на сексуалноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Обликувачките, субјективизирачки дејства на родот го нудат решението на упорната загатка за тоа како може децата толку рано да се иницираат во културната практика на хомосексуалноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За да го правиш добро, можеби некој (геј или стрејт) ќе треба да ти покаже како се прави тоа, некој кому тоа веќе добро му оди и што ќе може да те иницира во тоа – покажувајќи ти, и тоа нагледно, како да го практикуваш и обучувајќи те ти самиот да правиш како што треба.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Машкиот геј-идентитет, најпосле, изгледа се обликувал релативно доцна, не порано од адолесценцијата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Го обележува оној што суди како човек однатре, како упатен во знаењето, како некој што ја знае тајната на кампот, како некој што е веќе инициран во круговите на заедничкото восприемање и на заедничкиот вкус по кои се издвојуваат оние што се во состојба да го распознаат кампот и преку кои меѓу таквите луѓе се создава мрежа на меѓусебно разбирање и меѓусебен дослух.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Станувањето геј е таинствено бидејќи – за разлика од станувањето Американец – не се одвива преку примарна социјализација.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Родителите и децата не ги учат децата како да бидат геј онака како што ги учат да бидат Американци. (Иако понекогаш децата ги учат како да бидат стрејт на начини што толку силно им се удираат од глава што слободно може да се каже дека, всушност, ги учат децата како да бидат геј).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Повеќето други општествени групи – било малцинските групи како што се Афроамериканците, било мнозинските групи, како што се Американците без предзнак – се иницираат во своите култури и дома и на училиште, како и преку телевизијата и преку филмовите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А оптекот и споделувањето во заедницата на тие настранети мигови како да играат пресудна улога во општествениот процес со кој луѓето, и оние што се стрејт и оние што се геј, се иницираат во културата на машката хомосексуалност, ја препознаваат како таква и постепено создаваат смисла за личен и културен идентитет – макар колку за да присуствуваат на фестивали како што е Вигсток.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, тие се склони погрешно да ги препознаваат или да ги одрекуваат видовите на културни практики во кои се впуштаат и ефектите што ги предизвикуваат тие културни практики.357 Хетеросексуалците обично не си велат себеси дека, кога гледаат филм како Титаник, всушност, се дале на иницијација во културата на хетеросексуалноста, на воведување во една многу конкретна идеологија за романтичната љубов како извор на спасение и во буквално катастрофален модел на женствениот родов идентитет како некаква несреќна состојба од која треба спас („ме спаси, во секоја смисла во која може да се спаси човек“).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Еден друг мој геј-пријател, додека сѐ уште бил основец, ја преработил автобиографијата на Кристина Крафорд Најмила мамичке и ја преточил во драма – само што ликот на Кристина го преобразил во машко, надевајќи се дека кога ќе се поставувала драмата, тој самиот ќе ја игра таа улога; промената на полот му овозможувала драмска улога што можела да посредува меѓу неговиот мажествен идентитет и неговата емоционална идентификација со абјектниот, но моќен мелодраматичен женствен пример.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ги почувствува дамарите во грлото. Слепоочниците му се оросија.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тој беше слободен ѕидар инициран во масонската ложа на Закинтос, којашто впрочем како и сите други ложи на окупираните територии, згасна кога започна војната.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)