Исто така, во декември 2008, испраќа и известување до Хелсиншкиот комитет за човекови права; како и писмо до Агенцијата за вработување на РМ, со цел да ги информира тамошните служби за „валканите игри на директорката“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Незадоволна од ваквиот исход, правничката Зефиќ упатува неколку претставки до надлежните органи: до Министерот за правда, Управата за извршување санкции, до Народниот правобранител т.е. Омбудсманот (И. Мемети)5 и иницијатива до Уставниот суд на РМ за оценување на уставноста и законитоста на некои спорни членови од новиот Правилник за систематизација – која 75 подоцна беше отфрлена со образложение дека фамозниот Правилник, за чиј недостатоци свои забелешки имаше и надлежната УИС, „е само интерен акт – па оттука, бидејќи нема карактер на пропис, овој суд не е надлежен за негово оценување“!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)