искаже (гл.) - негов (прид.)

Нив ги сврзуваат, ги обединуваат спонтаноста на доживувањето на „мотивот“, помнењето и обземеноста со него, и така слеани во едно требаше, тогаш, да го искажат неговото јадро, суштината на опеаниот настан - трагичната смрт на Рацин -, за да се обликува целината на реквиумот, на оваа, условно речено, мала, своевидна поема, на нејзиниот сензибилитет, на поетичката структура и јазик.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Татко го забележа неговиот немир, но не ги побара причините за тоа, туку остави да се искаже неговиот натажен пријател: Пријателе мил, си ставивме трн во здрава нога!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Никако да се излезе на крај со овие проклети источни заемки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И што е најзначајно, во еден омаж што ќе му го искажат неговите благодарни потомци, ќе биде истакнато дека нему ќе му биде туѓ секаков пуризам, таа болест на слабите, загрозените и, што е најзначајно, неговиот став кон турските зборови ќе биде ослободен од омраза и комплекс на помала вредност продолжи Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)