Се сеќавам јас на таа птица не поради тоа што на нејзиниот воден пат со недели лебдејќи во небесата не го допре со крилја морето – туку поради откликот на стеблото: кога се покажа птицата стеблото почна да се искачува кон неа, ги рашири крошните, ги отвори како древна книга спред која ниедна трага не исчезнува и залудно не е ничие исчезнување.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Продолжи зборовите замки, или заемки, сизифовски да ги искачува кон тврдината.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Запре и на зборовите за внатрешното декорирање на куќата, на зборови што означуваат разни предмети, делови на мебелот, постелата, садовите и слично, поголем број од нив и денес во жива употреба во балканските јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Додека се искачувавме кон третиот кат, мама молчеше. Молчеше и кога влеговме во станот.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Се креваат од земјата, се искачуваат кон небото.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Запејте! И запејаа: високо црвено ѕвоно што ги ниша Алпите.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Луѓето што се појавија, се искачуваат кон нас.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Пејте, извикува Аларах и распознава во подножјето тројца старци како се искачуваат кон него.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Лежејќи загледани нагоре тројца војници си одбираат по една ѕвезда и секој ам се искачува кон неа Три жолти цветови се нишаат на ридот пред нив како три слатки збора на нивната татковина Утринум, една песна за неа и кришум место точка на крајот на песната ЧЕКАЈЌИ ГО СИНОТ „Сите патеки во пеколот да би раззеленеле чекајќи те“ (Ирска здравица) Таа со бела шамија на главата Тој со бели коси Седнати еден спроти друг Под дрвото во дворот.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)