исклучи (гл.) - од (предл.)

Народњаците, антитесли што сега го дофатија полупридавениот народ веќе делумно и нѐ исклучија од електронското коло.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Товарните автомобили идната година веројатно ќе се исклучат од движењето по главните магистрали, ќе се отворат нови паркинг-плацеви, ќе се постават околу 40 нови семафори, а пешакот ќе добие предност пред автомобилот. Барем такви се очекувањата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Можеме да ги исклучиме од постоењето. Океанија е светот.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зашто уште до вечерта дознав дека Баџата уште вчерадента го затвориле, а мене, зошто на висока функција, прво ме сомлеа низ критики и самокритики, ме исклучија од партијата, ме сменија од функцијата и поминав само со една година физичка работа како градител на одморалиштето во Отешево, во Преспа...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тука убивањето е внатрешно. Јавноста е исклучена од буричкањето.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Го побарав и Кочо Рацин. Цинично ми рече дека е исклучен од Партијата и ми порача да си ебам мајката.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
— Што, да не ме исклучат од партија, велам и само ја шлакам в образи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се смета дека палестинските водачи тогаш ќе ја направат историската грешка поставувајќи услови за нивното учество, односно на тој начин влегувајќи во играта на Хенри Кисинџер, кој маневрираше зад кулисите за да ги исклучи од историскиот процес едновремено и Организацијата за ослободување на Палестина, СССР и ООН, да ја заклучи Конференцијата во Женева за да се појде по политичкиот пат на решавање на судирот, чекор по чекор , што одеше во прилог на стратегиските интереси на САД во однос на мирот и заштитата на израелските интереси.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тогашните моќници во светот, генералниот секретар на ООН Курт Валдхајм, Кисинџер и Громико, министри за надворешни работи на САД и СССР, беа во принцип согласни за среќна разврска.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тогаш, во тие времиња, голема казна беше да бидеш избришан од партиските списоци, а тоа беше казна која те исклучува од сѐ и остануваш сам и за тебе и околу тебе ништо не постои.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но, во 1946 година сепак е исклучен од Сојузот на писателите, по објавувањето на расказот Авантурите на еден мајмун во списанието „Ѕвезда“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Хорхе Луис БОРХЕС (1899, Буенос Аирес, Аргентина – 1986, Женева, Швајцарија).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)