Во овој период вработените во „Топлификација Битола“ одржу- ваат и неколку состаноци со директорите од Скопје, во рамки на кои им е најавен прекин на работниот однос, и уште еднаш на нив е префрлена вината за лошото работење на друштвото.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Од црвената длабочина изронуваат неговите другари огорчени, згрозени, непомирливи: „Ја исполнивме обврската! А ти?“
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Невропсихијатарот дејствуваше рутински и забрзано, се гледаше дека беше дојден повеќе да исполни обврска спрема некого отколку вистински да разбере што му е на пациентот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Поради ова, синдикатот во битолската топлификација, имајќи ја предвид новонастанатата ситуација, во декември 2007, одржува состанок на кој го разгледува предлогот на „Топлификација“ АД – Скопје за уредување на статусот на вработените, и донесува одлука во која јасно истакнува дека тој предлог ќе го прифатат само под следните таксативно наведени услови: 1) исплата на платата за месец септември, најдоцна до 25.12.2007; 2) од парите собрани од наплатата приоритет да имаат исплатите на придонесите и платите; 3) претседателот на синдикатот да има увид во изводот од банка, 230 со цел да не се вршат други плаќања сѐ додека не се исполнат обврските со плати и придонеси кон сите вработени; 4) исплатата на отпремнината да биде во склад со ЗРО (2005) и да се исплати до денот на престанувањето на работниот однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)