Се знае само, и тоа се прикажува, дека Јован, напуштајќи ја засекогаш Потковицата, откако пред тоа им се поклонил на моштите на својот одамнешен предок на Молитвени Води, удрил прекутрупа низ Градишка Шума, па одејќи само по сртот на јужниот лак, и потоа спуштајќи се по надворешните падини на западниот , заедно со придружничката, стигнал на старата железничка станица, новата тогаш сè уште не беше подигната.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во целата таа мака, блед, испрекинат зрак му се плеткаше во душата: што не избрза и не испрати абер во Ресен: „Барем татко ми да не црвенее пред овие...“
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ниту некој испрати абер дека Јофан и тефтерот се најдуваат таму некаде, во некој дел на светов, низ кој, последните години, нашиов народ, и тој што преостана по толкуте прокуди, се развеа како семе од глуварица.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)