Долу, од другата страна, наспроти влезот на Петра и Чана, ти имало една тајфа, од старец, старичка и една момичка, пикнати таму од понапред, си рекле тука е позаветно, горе помини-замини правел ветерот, а и за да не ги истера некој, се сосале тука.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
„Некои дрвари, боринари врват патема сигурно" — си рече сам со умот — „Ај белки носат тутун, да го нап'на лулето, ако непомчнат дури да излеза", — и уште повеќе забрза.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Штом не е волкот или мечката, овчарот ги мами да не им додеваат на луѓето, оти може да му се случи и да удри некој некое од кучишата да им искрши нога, ја да им истера некое око, та да боледува живинчето и да не може да си ја врши определената работа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)