А оној што сака и денеска да се напие вода од нив, од Виданови Извори, ако доаѓа од населбата, мора да помине покрај црквата и гробиштата, кои се сега запустени, и спуштајќи се прудолу по патчето и низ шумата на северните падини на Горник, а кога ќе дојде до изворите, да отвори една малечка вратничка, од изгнилени штици, и, пак, откако ќе се напие вода, внимателно да ја нажапчи.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Од Виданови Извори истекува прилично многу вода и по добро опкопан, а порано и редовно прочистван канал, кој се провира под Пазарџиски Пат, долу, кај Топоски Брестови, се влева во Голема Вода.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)