истрие (гл.) - од (предл.)

Се мачеше да го сметне од себе сето време додека продолжуваше да се мие со снегот пред вратата; се мачеше да го истрие од своето лице неговиот млак допир додека притискаше со белата грутка по слепоочниците и по густо обраснатата брада, а кога не успеа, во него остана знаењето дека вчерашниот ден мораше да ги остави по себе сите свои трагови и дека тој ќе мора нив уште долго да ги носи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ, сѐ, сѐ да истриете од вас. Нека го однесе дождовницата...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И сето тоа не траеше повеќе од неколку минути, толку имаше вода, колку да ја натера нечистотијата да потече од нас, но не и сета да ја однесе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некоја старица рече нешто, ама зборовите се изгубија во звуците кои ги правевме во обидот да стигнеме која попрво во коритото, да заграбиме со лончето вода од казанот, да се потуриме со вода, да се затриеме и да истриеме од себе која колку може повеќе од гнасотијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се стресува, се истрива од колената на Јосифа и тивко квичејќи оди кај оџакот, се испружува покрај огнот, муцката ја положува на предните и загледан од огинот се грее.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)