Се истркалав во некој дол, во некоја дупка.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Одвај чекал навечер по вечера да се истркалаат во постелата и да го помоли: - Тате, ајде да ми кажуваш за чевлињата што ќе ми ги купиш за Велигден.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Најдобро е дупката да му биде ископана, да го крцнеш како пиле што се коле и со нога да го клоцнеш да се истркала во дупката.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
И сега Бојан посака да се истркала во сеното, но премногу работи му претстоеја, па само го опфати со поглед тоа зелено, миризливо богатство и се упати кон аголот каде што беа јаболката.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Еден ден кога кравата се телеше со мака и кога ветеринарот Скрез и Цанулица ги немаше долго да излезат од ќералот, Цанул се довлечка до прозорчето од ќералот, и кога ги виде истркалани во сеното, му удри крвта в глава, ја грабна вилата и влета внатре кршејќи ја вратата и забодувајќи ја вилата во бутината од Скрез.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)