Но кога пропеале трети петли и ко почнало да се разденува а Бошета уште го немало да се врати, стрико Никола сиот се вомјазил да не му се сторило ништо лошо и заедно со стрина Николица и со Атанаса ги разбудиле сите домашни и сите зедно, со запалени вивки и гламни, истрчале на срецело и надале гласови, троа навистински троа од навал, за сите да чујат каква нова несреќа ги снашла и да тргнат да го бараат Бошета.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Истрча на чардакот. Истрчаа и жена му и син му.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Нејзиното крупно тело скокна кон вратата и истрча на терасата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Двете ангелчиња,како порцелански рококо фигуринки, буцмасто истрчуваат на сцената, носејќи кошара полна големи, румени јаболки.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Тој е, си мислам, ме виде од прозорец и сега ќе истрча на улица.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Марија, сфаќајќи дека токму тука ќе биде оневозможена докрај да ја доведе својата замисла, го оттурна изненадениот службеник и истрча на терминалот, не испуштајќи го детето од раце.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Истрчав на улица размислувајќи како да му објаснам на Пенча дека црна мачка не можам да најдам.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Истрча на балкон и виде: - долу, во длабочина, три ката под неа стоеше еден човек, а на рамо држеше плиток сандак преполнет со прекрасни, шарени темјанушки.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Овчарот, загрнат со сива гуна, истрча на патот и им свика на кучињата: - Ошт, бре! Верата ваша кучешка!
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Истрчав на прозорецот - немаше ништо: истрчав на чардакот - немаше ништо.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Страв и восхит
Претпоставка:
Македонскиот крал
премногу го сакал светот
и премногу можел
и премногу претчувствувал
немал време, хронично немал
но сепак доволно
за да ги поремети
дозите предвидени за рамнотежа
на Просторот, и самиот
без смисла за умереност
- хармонијата е нешто друго, сосема
само предозирана волја, отровен концентрат
само неповторлив порив, рев по далечното
- туѓината како вечно искушение!
само силна страст по странствување
per se, дури и во јазикот
само вродена дарба
да и’ се тутне на смртта
грациозно, пагански
под здолништето
додека Оваа си игра
божем случајно
криенка-миженка
митска мижитатара
само сензибилитет за походи
општа хиперсензибилност
- просто да се спростре
врз далечниот Исток
ко полна месечина на полноќ
- просто да го освои светот
како туѓа жена
со чувство на нелагодност
а забраната стимулира
срна истрчува на пусија
во заседа, балканско дувло
империјална глутница
избришани, заташкани траги
имагинарно писмо
толку голема моќ
што се втиснала во потсвеста
за век-и-веков
жиг на восхит и страв
од повторување
од повторување
на судбината...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Можеби поттикнат од овој впечатлив сон кога се разбуди ја истресе од себе правта на ноќта и истрча на терасата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)