истури (гл.) - во (предл.)

Ах! (Се фаќа за срце) Така е спарно, не се дише, а овој тапчо запнал за некаква Грета.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Краста (Од џебот вади шишенце): Како што гледам ни со срцето не си баш нај­ добра. (Од масата до креветот ја зема чашата со вода и течноста од шишенцето ја истура во неа) Не сакам кога стари луѓе се мачат. (Линијата на неговиот говор станува подлабока) Еве, пред само две години и мене ме стрефи инфаркт, и тоа на улица.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Зарем Чанга сам молзи стотина кози или козите сами млекото го истураат во поточето?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Созопол, рибарски град на еден полуостров, сиот се истурил во морето, и ако оваа населба се гледа од далеку, изгледа дека морските бранови ќе ја преплават...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се истурија во варницата и вивнаа заедно со оние изрешетани трупје што толку се надеваа и ги приготвуваа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Зацрпе еден, два три грста бели меџудии, пет, шест грста ситни пари и му ги истури во скутот на Андона небарем круши горници му ги полни.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А сите што барем малку се одбираат во зелки знаат дека зелките немаат нозе а и чуму им се нозе на зелките кога умот е во главата а не во нозете, а од главата се стркалуваат и се истураат во јавето и сите тукушто зачнати и тукушто отсонувани соништа.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Ја немаше веќе онаа магла како мармелад што капе непрекинато, се истура во пејсажот...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Каква радост ќе биде кога ќе ги истури во скутот на Вита, жена му, сребрените динари...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Загреаниот, раскашавен леб, го истури во една копанка и ги намами кучињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Испечената сланина, натрупана врз качамакот, истурен во широка тепсија, го правеше ова јадење уште попривлечно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Штом чашката беше ставена пред него, тој ја крена и содржината од неа ја истури во својата уста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ваквото упорно трчање по сеќавањето ме потсетува на оној упорен несреќник кој се вратил да ја нацрпи водата што неколку моменти пред тоа ја истурил во реката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Па ова е истата вода што предмалку ја истурив”, свикал кога ги наполнил садовите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ружа му ја наполни првата чашка, а Младен во лет само ја истури во грлото.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Светлана влезе со нарамокот и со тресок го истури во сандакот до шпоретот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Арсо ја полни веќе трипати кошницата откако излегло сонцето и трипати ја однесува и истура во коритникот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Од нив небото на Потковицата никогаш не е испразнето, нивните страгорења и нивниот цвркот, во пролет и во лето, како водопад се истура во тишината, а таа во себе ги прибира и другите притоки на гласови, оние на жегалците и жабите, за на зима, таа, тишината, под високо настожен снег сосема, сосема и сѐ да поплати.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само ги слушаш, до доцна во ноќта, како тулуликаат волците во гората и како жеравите, прелетувајќи ја Потковицата, одат некаде на југ, кликтаат јадосано и осамено.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се истури во смеа садриазамот а заедно со него и сите од неговата придружба.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Жарје некој ѝ истурил во очите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги налолниле торбињата со куршуми и ги истуриле во огнот. 61
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во ракописот, меѓу страниците, имаше најмногу пепел од цигарите кои некогаш ги пушел, заборавајќи од преголема внесеност и концентрација да ја истури во пепелникот крај него.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Војната е начин да се разнесат на парчиња, да се истурат во стратосферата, или да се потопат во длабочините на морињата, материјали кои поинаку би можеле да бидат употребени за да им овозможат на масите премногу комфор и, оттука, на долга патека, да ги направат премногу интелигентни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се врати со брзи чекори до масата, го грабна шишето со ракија и си го истури во грлото.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Го истури во мacapникoк, и таман да излезе, влезе мајка и.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го истури во масарникот, и таман да излезе, влезе мајка и.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги бараше страниците кои беа обележани од пепел­та на Татковите цигари, која тој не стигнуваше, занесен во читањето, да ја истури во пепелникот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
ОБЛАК Се ведне тој над погледот и окото на светот облак голем како чудовиште сал сонот на земјата што го памети што секој час може да се истури во пределот на срцето.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
А тој, гнидата, го набедил човекот и ете сега, како што слушам, седи во затворот во Нивици и изнесува и истура во езерото кофи лајна...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Зар мене најде да ме избереш? Што сум ти згрешил, а?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Арно ама, овде, пред прагот, ме подбраа бесни кучиња, држ не давај, сѐ ми истурија во јазот, во калта. Простете ми, ништо не ви донесов (Пауза)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Бокалот со вода потскокна, се навали и водата се истури во скутот на командирот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
По неколку чекори подзастана, го истури во дланката на раката.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Додека го открива стравот, додека се слуша последното биење на блиската камбана, тие се веќе од другата страна на реката, во уличката која, заедно со многу други луѓе, ги истура во дворот на црквата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)