— Ами снага? — Исправена како пушка, гради истурени напред, стегната половина, долги нозе, обли раце, чисти нокти, измиена, исчистана, како за пред човека, што би рекле мариовци.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во таа шаховска табла 50 проценти од фигурите се пиони секогаш истурени напред и жртвувани од своите налогодавачи кои се наоѓаат позади нив и се чуваат за завршната битка.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Бошко заедно со Калија одеше на чомлек пазар по урда, и на балук пазар по сушена риба, се туркаше и во врвулицата пред фурна каде што целото маало носеше разни јадења за печење, од лебови до тави гурабии и татлии, ама заедно со чиракот од дуќанот на Марко, им носеше јадење и на Марко, и на самарџијата Димо, бидејќи мајка ѝ на Калија, како и свекрва ѝ, беа дамна починати, а таа прекриена чинија со цедило везден му ја грабаше на чиракот, и самиот, напрегнат, ја носеше истурена напред, како да носи цел товар леб и сирење, грав или јанија со јунешко која не смее да се плисне или, чувај боже, да се истури.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)