Стоеше некое време со тоа зоврување во себе и врз урнатините на своето сфаќање за тоа останување, едвај се здружуваше да не се размавне и да ги истурка надвор, на снегот, само наежавен свреска: - Ама чујте, луѓе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кметот брзна како преполнато буре и ми светна неколку шлаканици: „Лажеш, лажеш, песу!“ - вресна и со клоци ме истурка надвор.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Хеликоптер со камера во клунот мора да ја следел во височината и имаше многу аплауз од партиските седишта, но една жена долу во проловскиот дел од салата ненадејно почна да крева врева и да вика дека тие не смееле да го прикажуваат пред децата, не требало, не е во ред пред деца сѐ додека полицијата не ја истурка надвор мислам дека нешто ѝ се случило, никому не му е гајле што велат проловите типична проловска реакција тие никогаш...“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Офицерот го фати за уво, ја отвори вратата, му удри една клоца и му викна: - Хинаус!** - и го истурка надвор.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)