исцрта (гл.) - културен (прид.)

1. Скопје медиски станува сè поком­плексен град, а нашата „Локална сцена” баш и не го следи, од причини што Маргина сè уште не е доволно екипирана да се впушти во едно длабин­ ско и критичко преиспитување на културните вертикали и хоризонта­ли на градов, а, како што се знае, таа опрема (кациги, детектори за радиоак­тив­ност, рефлекто­ри, скејтборд-штит­ници, сонди, пинце­ти...) е толку скапо­цена, а теренот за работа (нагло ису­шено мочуриште - овој град, предмо­дерна, полуфеудална-полу­социјалисти­чка населба, со одвај неколку точки прав наместо исцртан културен профил) толку тежок што подразбира најширока можна палета на знаења, плус голема физичка енергија, плус дистанца, плус контакти - ма, хаос.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)