Ја мразев својата пречувствителност, треперев и посакував да можам да си го задушам треперењето, се самосожалував и си го мразев самосожалувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
При тие понижувања молчев, и чувствував како нешто ме клука во градите, тоа чувството на отфрленост го зариваше својот клун во она што трепереше во моите гради, а она клуканото плачеше со плач на новороденче оставено само, на кое му се чини дека исчезнал сиот свет околу него затоа што пред своите очи ја нема мајка си; така плачеше нешто во мене – јас не плачев, само некаков израз на мачнина ми го гмечеше лицето, како околу вратот да ми беше обесен камен и да бев осудена со него така да врвам низ детството а и потоа; го среќавав тој израз секојпат кога ќе се погледнев во огледало.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)