Сакаше конечно да го откорне од своето сеќавање значењето на тие зборови, кои жилаво се задржуваа, потсетуваа, беше невозможно да исчезнат засекогаш, остануваа прикачени во пајажината на времето...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Откако Камилски срдечно се поздрави со Татко, наврапито и внимателно го отвори волшебното жолто куферче, ги положи речниците врз масата, со тоа давајќи му на знаење на Татко дека е веднаш готов да започнат со ловот на опасните зборови, небаре тие ќе исчезнеа засекогаш без да ја доживеат замислената осуда.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Сигурно постојат имиња на многу јадења кои не допреле во речниците, останале во семејната меморија, преживеале, како и тикушот, или исчезнале засекогаш...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Следеше слаткиот дел на ручекот, раскошно подготвената баклава на госпоѓа Камилска.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Сѐ продолжува, сѐ се враќа и заминува, заминува и се враќа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ничиј живот не се губи и не исчезнува засекогаш.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Просто како да се радуваа, како да посакуваа да исчезне засекогаш.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Со моите мали и речиси никакви познавања на патиштата по кои замина за да се загуби а можеби и да исчезне засекогаш човекот што толку го засакав, на што ли ќе му заличеше тој човек за кого ќе тврдев дека му е татко?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Најмногу ме мачи сознанието, дека еве и сега, од оваа раздалеченост не сум сигурна каква требаше да биде и што да содржи приказната што требало да му ја раскажам?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во тој момент ми се чинеше дека сиот свет ми се урива, дека исчезнува засекогаш прекрасниот сон што го сонував со месеци наназад.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Обично кога заминуваат владетелите, продолжува извесен период да живее нивниот мит, најмногу потхрануван од најверните соработници на владетелот, од инерцијата на претходното владеење На крајот историјата останува последниот арбитар во бездната на меморијата се извишуваат или исчезнуваат засекогаш некогаш моќните гласови Одбраната дружина нови амбасадори во светот, по едногодишните подготовки во Белград, како да беше дел од инерцијата на обезглавената власт по исчезнувањето на маршалот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ќеркичката на Криста престана да доаѓа. Можеби доктор Гете го имаше побарано тоа од нејзините родители.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Малечката треба да исчезне за неа. Да исчезне засекогаш.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во градот во кој пораснавме и ги посадивме засекогаш корените на животот, вистинските големи снегови исчезнаа засекогаш.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Дали душата исчезнува засекогаш?
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)