Видов само дека моите двајца братучеди, откако завршија со обилното јадење, кротко и тивко станаа, ги собраа сите садови заедно со полуизедените парчиња храна и исчезнаа некаде зад мене.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Се плашеше да ме испушти од погледот за да не исчезнам некаде во просторот, за да не испарам како водата што испарува, или да не заминам од Долнец.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Навистина се изненадив од ентузијазмот на Кристина при споменувањето на едно обично маче, но уште повеќе се изненадив кога таа наместо да истрча да ја гали мачката или да ја намами да дојде кај неа, почна да ѝ вика „пис! пис!“ за да ја избрка.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Генералот ми рече да исчезнам некаде. Па да се вратам.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)