каже (гл.) - каков (зам.)

Тој вечерва нè собра тука за да ни каже какви се целите и каква е нашата борба.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Треба да чуе цела Европа и целиот свет!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Елена, Елена, да ти кажам! - извика Бојан трчајќи по неа, да ја пронајде во темнината, да ѝ го открие своето срце, да ѝ каже каков необичен подарок има за неа, но за такво нешто веќе беше предоцна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На еден од тие летечки состаноци, Баге меѓу другите доби задача да стапи во врска тој и тој ден на тоа и тоа место во тоа и тоа време - се разбира дека не му беше кажано каква ќе биде таа врска, машка или женска, млада или возрасна, позната или непозната.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ќе мора да кажам каков подарок си донела.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Старците им ја пренесуваа на своите внуци, сакајќи да им кажат какви луѓе биле тие.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Цветовите изгледаа толку чудно што трговецот неволно запре, ја симна својата шапка во форма на печурка и учтиво праша: – Пресветли, кажете какво е ова растение?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тогаш, веројатно збунет, братот направи гримаса и го сведна погледот, но веднаш потоа, посрдечно отколку дотогаш и со тон по кој не можеше да се види дали се шегува или не, рече: – Сепак, не можам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ви кажав каков сум. Нацртајте ме на лист од тертратка и ќе ме имате на ѕид.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сакав да ви кажам какви работи се случуваа. .
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Случајно таму се најде брат му на убиениот и тој почна да вика: Абре, луѓе, ова е брат ми! и почна да плаче.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ако ми кажеш каква било лага, или ако се обидеш да се извлечеш на каков било начин, или дури ако паднеш под твојот вообичаен степен на интелигенција, во истиот момент ќе викаш од болка. Разбра ли?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мил му кажа какви експерименти врши со Богуле во ваквата остојба и до какви сознанија дошол, но докторот му рече: - На луѓето во ваквата состојба мозокот им е многу активен, луцидни се, но и многу сугестивни.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Го викаа селаните и во Езерец и во околните села да им каже какви им се вината.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Отец Серафим првин виното го гледа по боја: ја држи озвесно време чашата пред очите, потоа го помирисува виното, па го вкусува држејќи ја голтката и шетајќи ја низ устата, потоа ќе ја голтне, ќе постои малку како да фаќа некакви тајни сигнали и пораки од него, проверува каков траг му остава во грлото - и ќе каже какво е: одлично, ногу добро, средно, 'рѓосано, лошо; и како секој доктор, веднаш кажува одошто е такво и што треба да се стори, како да се лечи за да оздрави, да се спаси, или да се подобри.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
– „Ами не е чаре, стрико, да ми кажеш каква била клетвата од дедови ви за да не раѓате челад?“ му рекол Силјан.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Можеби тие ќе ми кажат каков сум и што сум.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Не би можел точно да кажам какви се нивните политички согледувања, иако \енова, каде настапував, е град-заедница.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
- Кажи каков филм, а? - ме потпраша мајка ми неколку пати за тие два часа колку што траеше филмот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Мамо, кажи каква случка, баш како за роман, нели?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ете дојде момент да ми кажат каков човек бил, сфатив зошто сите така чудно ме гледаа во Западот кога ќе им кажев кој ми е дечко и дека сум дошла таму за да живеам со него.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во образложението на пресудата само воопштено се кажува каква била целта на гемиџиите: да се измени формата на владењето во Румелиските вилаети, што во основа било точно, но сосем измислено било тврдењето дека на “субверзивниот комитет“ седиштето му било во Софија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- На прстените местото им е на прстите – разочарано забележав и си помислив: лажга една, ти само ме лажеш, прстенот воопшто не ти се допаѓа, затоа си го скрила во кутичето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И тамам да смислам нов напад, таа сосема ме разоружува: - Ја слушаше вечерва „Сто и едната приказна”, кажи каква беше, а?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не ја слушав – губам нерви. – И што ти е тоа „Сто и една приказна”? – првпат слушам за такво нешто.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Кажи какво место сум му нашла, а? Специјално!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)