каже (гл.) - ја (зам.)

Од прагот на влезната врата каде што седеше, Петре ѝ рече на Ѕвезда: - Ѕвездо, ајде кажи ја Петре- Петре Пиралче.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Кажете ја лозинката? - заповеда стражарот. - Крушево! - одговори Евто, а стражарот додаде: - Куршум! - и ги поведе...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
СТЕВО: Тоа е само крајот од подолга песна. САРА: Кажете ја целата.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
ја знаеш приказната за штркот и штрчицата, ме прашува, кажи ја, му велам, некој ѝ ги заменил јајцата на штрчицата што ги лежела, вели, а кога јајцата се испилиле, вели, штркот видел дека испилците не се негови и почнал да ја врти главата над гнездото, над голиштарците, и само штракал со клунот, замавнувал како човек што се крсти, вели, штракал и се гледал во испилците и во штрчицата, вели, а потоа викнал и други штркови да го видат срамот, вели, и тие ја истерале штрчицата настрана и долго штракале, се договарале за потаму, вели, и после ја викнале штрчицата назад и почнале да ја тепаат со клуновите по глава, вели, так, так, так, а таа само стои, а потоа ги отепале и голиштарците нејзини, вели, ги кренале високо и ги отпуштиле озгора;
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Чеда, ако имате некоја посебна желба, кажете ја слободно. Задоволство ќе ми биде да ви ја исполнам. - Имам, тето! И тоа голема!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)