Општа смеа и во неа се слушна гласна закана: - Ако ти ја пернам една преку очи, ќе ти кажам јас тебе лепешка!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
МАЛИОТ: Да кажам јас нешто Курта?!
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
- Кажав јас оти што дрвото е крублинаво, - рече Србин, повторуваше. - Кажа, - по него повторуваше Шишман.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Ќе треба како вода наизуст да ја знаете како што ја кажав јас сега, секоја буква да знаете да ја напишете, зборови да сочинувате и писма да пишувате.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
„Како накиснат ми изгледаш“, на шега му рече мајсторот Ратко. „Ти кажав јас тебе...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ако не кажам јас, велам, ќе каже Манол.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
– „Ако се раздени, ќе ти кажам јас тебе клетва ќе добијам и друзи маслаати што ми ги кањараш ти мене, си велел сам со себе Силјан, дури да си појдам в град, да ќе ме видиш ти овде да ме тераш ти на жниење на оваа силна горештина, бидејќи има в град ладни меани, да седам и ќеф да терам со граѓаните.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
- Ќе ти кажам јас што е тешко. Сакаш навистина да знаеш што е тешко?
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
- Ама, јас не те прекинав, јас само, - почнав да се правдам. - Ме прекина! - викна Мони.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Денеска сабајле дојдоа двајца чичковци и ги поправија лулашките, сега можеме да се луламе! - кажав јас насмеано во еден здив.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Таа ми одврати: Оди без гајле, ќе му кажам јас на татко ти, тој нема да се лути.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)