- Да не рече Маркс? - сомнително праша некој кој седеше со грбот кон распалениот оган, а на многу им се пристори дека е оној истиот, кој го кажа зборот што сите се трудеа да го најдат.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тој требаше да го задушува гласот на срцето и да се совладува за да не избрза устата да го каже зборот, вистинскиот збор, што му кипеше во градите...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Во кујната, не чекајќи друг да каже збор, самата си ја фалеше својата наводна умешност.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
„Како си тато, се држиш ли?“ А ти со наведната глава седеше на столицата покрај компјутерот и одвај кажа збор, два - не можеше повеќе.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
„Заем не даваш... преврти ги џебовите!“ Патрокле не може да каже збор.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Знае дедо попот да каже зборови што ќе се паметат, што ќе го крепат народот крајезерски.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Вангел Русјаков стои пред неа, зад него е Петре Караколев, и двајцата сакаат да фрлат некое камче во воденицата на Чана за да запре , ама не можат да погодат кога ѝ е затворена муцката, а кога ги кажуваат зборовите кога и таа лафе, нивните не се слушаат.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Изјави на Енди Ворхол ◊ Интервјуистот едноставно треба да ми ги каже зборовите што сака да ги кажам и јас ќе ги повторам. (1968) ◊ Животот и уметноста не ме загрижуваат.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Некогаш ми ги кажуваше во миговите кога, заради болестите, бев на работ на бессознанието, сега ми ги кажуваше тие зборови полни со презир и потсмев, кога ќе кажев некаква наивност која им прилегаше на моите детски години, ги кажуваше и кога ќе направев некаква грешка што може да се очекува од девојче на таа возраст, а потоа започна да ми го кажува тоа „Ќе беше подобро да не те родев“ постојано, наместо „Добро утро“ и „Добра ноќ“, наместо „Како си?“ и „Дали ти треба нешто?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мајка ми одново почна да ми ги кажува зборовите кои беа врежани во моите први сеќавања, а кои долго ги имаше заборавено: “Ќе беше подобро да не те родев.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)