Да даде Господ и Богородица Мајчица, да ни се вратат - се крсти баба Петра и со раце крстосани ја кажува молитвата, до трипати ја моли Богородица Ѕвезда да се врати со мајка ѝ и момчето што го заљубила.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Ни се причини како змејот се извишува за со конечниот залет да нѐ проголта и да нѐ повлече кон длабината Во тие мигови Мајка започна посилно да ја кажува молитвата за спасувањето на нејзините чеда, која ја препознававме од честите шепотења, кога ни беше тешко во животот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
„Земи здив и сонувај го небото, нашето Чистилиште,“ тивко зборуваше Ема Ендековска, како да кажува молитва.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)