Кога беше сигурен оти наполно ја има довербата на Чанга, татко ми почна да му ги кажува своите страхувања за козите и за „незавршената класна борба”, како што често пишуваше на главните пароли во градот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сите кои не размислуваа како Фирерот, а јавно се осмелуваа да ги кажат своите ставови, веднаш исчезнуваа без трага.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мајка си ја затекна тешко разболена; имаше уште само толку денови и сили да го благослови и да му ја каже својата последна, претсмртна желба - да не ја закопуваат како сите Акиноски дотогаш на гробиштата во Битола, туку да ја закопаат тука, во Потковицата, на гробиштата на Рамник на Горник.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сите се искажале и дошло редо на бабината Злата да кажи својата живувачка.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Да кажам, мори мајче - е рекла Злата на жената - туку знам оти не ќе ми веруате.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Ќе бидам слободен да ви ја кажам својата историја. Може?
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
На оние што не ме знаат од порано, ќе им го кажам своето име и презиме.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Брзав по надолнината да влезам во градот и да ја најдам куќата што воздивнува и, доколку навистина има таква куќа, да ја замолам да ми ги каже своите пророштва.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Штотуку се симнав од ридот, од негде, од нигде или од ведро небо, се спушти на невидлива нишка син пајак со златна глава.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Камилски внимателно слушаше, одвреме-навреме бележеше во нотесот пред себе, макар што имаше да каже свои забелешки за милетот, тој не сакаше да го прекинува Татко.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На крајот на дебатата за кабалистите тој сакаше да го каже својот заклучок: За кабалистот, за да се следи патот на мудроста, единствениот начин е да се мине достоинствено патот на животот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татковиот пријател беше обземен од прашањето: како христијаните, Евреите и муслиманите можеле да живеат заедно, дури во иста политичка заедница во меѓусебна толеранција.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На крајот стана жртва на својот утописки прагматизам...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Имаше повеќе мигови кога сакав да го кажам својот дел на вистината за Арафат и Палестина, во чија епопеја бев фрагментарно замешан, но која силно ме означи во животот, во осознавањето на моќта и трагизмот на човековата судбина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
За тоа време секоја од нас ќе има по една недела за да си ја каже својата приказна.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Таа го забележа тоа, но чувствуваше потреба за прв пат сега гласно и отворено да го каже своето мислење без да се надева дека тоа ќе измени нешто во нејзините односи со Киријаз.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Сега, кога си ја здружуваа самотијата и кога премолчувањето ја немаше некогашната смисла, Мајка како да настојуваше да си го каже своето што некогаш не ни помислувала да го каже, надарена со инстинктивна доверба во авторитетните Таткови потези.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мајка доби уште една можност да си ја каже својата изрека: – Shqipëria nje pëllëmbë e ngriti boten në këmbë!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Вујна Клементина ќе почувствува дека ѝ беше дојден редот да си го каже своето: „Мојата внука Ервехе ја загуби мајка си на раѓање.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Како да беше редот на Мајка да си го каже својот дел на тагата, за блиските, за својот татко, кого никогаш повеќе не го виде ,за своите браќа, за својата Клементина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мајка, слушајќи го ова, како да беше предизвикана да си го каже своето: – Ти си глава во куќата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Игор Лозински сакаше да ја заврши својата голема исповед, пред своите балкански пријатели, да ги каже своите големи тајни за егзистенцијата на ова Езеро и на луѓето околу него, да му го пренесе на Цветана Горски својот морален тестамент, надежта на продолжувањето на неговото дело и вистина, а на Татко да му ја открие пошироката смисла на натамошното следење на патот на јагулите во потрага по излез од својот егзил.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Секретарот Трим Тоска, на крајот, го заклучи свечениот дел на седницата и го најави работниот дел за попладнето, кога се очекуваше да бидат изложени плановите за градбата на првата хидроцентрала на реката на истекот од Езерото, кога експертите требаше да си го кажат своето, а и политиката немаше да остане замолкната.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во расказот на Кафка уметникот што пости сака да биде признаен од Другиот дури и кога умира, и затоа ја раскажува својата приказна во увото на надзорникот, за ни збор да не се измолкне.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Глас: Потоа Кралот му се обрати на судијата па му нареди да го каже својот суд.
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Ќе дојде време вистината на мојата приказна ќе си го каже своето.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Ѝ ја кажал својата восхит од книгата, велејќи, d est un livre fou! (тоа е луда книга), завршувајќи со тоа дека сигурно ќе ја преведува на француски јазик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во однос на "пазарењето" за интересните сфери со Советската влада, се истакнало дека, доколку Британија го следи влијанието на Русија во Романија, а тие го следат британското во Грција, сметале дека тоа "треба да се применува само во услови на војна", дека е тешко да се очекува дека некој од двете земји би сакал така и да продолжи "кога ќе дојде до мировна спогодба и кога ќе настапи поволен период, или да се прошири на другите балкански земји во поглед на важните интереси, што и обете страни би ги имале при обликувањето на иднината на Балканот во целост".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Исто така, Британците сакале, кога ќе дошло време за тоа, да го кажат својот збор „и во однос на Бугарија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тие тоа бездруго и ќе го стореа, независно дали јас ќе им дадев дозвола или не...
--- Margina #32-33 [1996] | okno.mk 189
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ен Камис КАДЕ ШТО РАБОТАМ На парче нормата носи заработка.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Но како што замислата створи анегдота, а анегдотата створи личности, решив да ги оставам личностите да ја преземат работата и да си ја кажат својата приказна.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Би било можеби малку ризично во оваа ситуација да ѝ го каже своето вистинско име.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
А на мен срам уд такви лафои, му лафам ним бре синко су такви лафои, само адна удајка, нишчо друго!... и запре, одеднаш се прекина, чиниш е срамота што ја кажува својата мака.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)