Ако се согласувате со планов, вели повторно исправајќи се во столчето, да ви кажам уште и тоа дека за начелник на општината го предвидуваме Костадина Дамчески, за учител Јосифа наш Акиноски, а за свештеник, за некое време и а да се полакомат Грчиштата, Хаџи Ташку, па да го потпишеме писмото и да си отидеме по дома.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Од сѐ што кажа уште при првата средба, добив впечаток дека многу знае, и тоа најмногу за настани и личности од нашето подрачје.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Таа продолжи да стои таму како да сакаше да каже уште нешто.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
18. Вечерта не можев да заспијам, оти чув, разбрав дека Филозофот му порачал на логотетот: да слезат утре заедно во источната одаја, и овој да му го открие конечното и точното значење на записот, и да му каже уште во што се состои проклетството што со векови го опседнува царството.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кажи уште еднаш, ми велат, кажи сѐ од почеток.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
– „Оти луѓе сме, затоа луѓе сме, му рекле, а за штркови што се правиме, си имаме од деда прадеда клетва да се правиме, чунки тука ние, Силјане, не е чаре да родиме челад според една клетва што ни е оставена од деда прадеда како што ти кажав уште од понапре“.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Ѝ кажав уште првиот ден кога кашлаше: „Само не легнувајте! ... Останете седнати во креветот!“
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Се врти кон неа, сака да ѝ каже уште нешто. Нина побрзува. „Среќен празник татко! Честит Сукот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Му кажа уште една, и пак ништо, но на третата Мартин се раскикоти.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)