Излезе еден таков напис и во некој неодамнешен број на „Фокус“: таму се говореше дека почнал со некоја еквилибристичка точка со скала потпрена на небото; качен на таа скала, потпрена на ништо, свирел на саксофон една инструменталка: „Учи ме мајко, карај ме“, а завршил како трапезист, кој со некоја жена, мислам дека името ѝ е Ина Коленина, изведувал невидени вратоломии.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Јас се опив и плачев: велев дека ја сакам, дека не смее тоа да ми го прави (во пијанството се однесував како Луција да ми е венчана жена); потем Земанек, на мелодијата на една стара народна песна (беше жива фонотека за стари народни песни), почна да пее „Учи ме мајко, карај ме, како да земам Луција, Луција курва убава“, и јас му се придружив; бевме сосема пијани и пеевме само едно исто: „Луција курва убава“, „Луција курва убава“, „Луција курва убава“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но, кулминацијата (кај мене) настана кога ме прашаа дали е вистина дека сум сквернавел една стара народна песна, и дека кај еден пријател дома, сум пеел цела ноќ: „Учи ме мајко, карај ме, како да земам Луција, Луција курва убава“. Реков дека сум пеел.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се искачивме на насипот и јас, без никаква видлива причина јурнав да трчам код мостот; зад мене Земанек викаше да застанам, да го почекам; јас не застанував, јурев кон тунелот, влетав во него, трчав и пеев: „Учи ме мајко, карај ме, како да земам Луција“; трчав кон светлината, но експресот веќе беше поминат и не можев да сфатам дека веќе нема ништо пред мене, освен светлина; и во моментот кога излегов на светлина, кога градите ми се полнеа со воздух (каква страшна болка во градите!), видов дека Земанек допрва влегува во тунелот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)