Се качи по разнишаните алуминиумски скали и исчезна низ една дупка во кровот од брановидна пластика.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Еднаш Парнаџиевата го оставила прозорецот отворен, и во тој момент дотрчала ветрушката, се качила по скалите, втрчала и во собата, и сѐ испревртила.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Наиде на спомнатите скали со мрежеста ограда, се качи по нив, а потоа низ долгиот ходник тргна кон канцеларијата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Бевме во дворот тргнати да се качиме по скалите нагоре.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
А Неда, носејќи го на раце лесниот товар, силно офкајќи, се качи по ретките високи скали, гологлава... Нова стихија разнесе плачој.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Одвај се качи по неа, а потоа мачно и веднаш се симна, брзајќи да одговори на моето прашање: „Каде е просторијата за социјален надомест?“
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Полека, наслушнувајќи ги крцкањата, се качив по скалите и влегов во мојата соба.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)