Во случајот со геј- субјективитетот, овој рефлекс на откажување се пројавува во поинаков облик: единствениот вид субјективитет што се квалификува за „сериозна“ лезбејска и геј- анализа е оној што може безбедно да се теоретизира во регистарот на психоаналитичката апстракција.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Даниелс бргу се утврдил пеејќи оперски улоги првобитно компонирани за високите, моќни гласови на кастратите од седумнаесеттиот и од осумнаесеттиот век (пејачи кои во детството биле кастрирани за да го задржат сопранскиот гласовен опсег и за да се квалификуваат за доживотна кариера како исполнители во еднополови црковни хорови.) Во текот на изминативе сто и педесет години, сѐ до многу неодамна, таквите улоги секогаш ги пееја жени.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)