кине (гл.) - срце (имн.)

На Танаско му се кинеше срцето гледајќи ја онака извалкана од земја оти знаеше дека таа може да си најде полесна работа, кај Чана во стопанството Острово или во некоја фабрика, само таа како се казнуваше за нешто.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Па дури и да немаше ништо повеќе од она што го виде тој - и сѐ додека е жива тој нема да може да се сеќава на тој момент без болка; болка која ќе му го кине срцето - сепак она што го виде беше многу повеќе од она што воопшто можеше да прифати, да опрости или да заборави.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Можеби мене ми се кине срцето повеќе од неговото. Што знаеш ти што мислам јас!
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Одвреме навреме тага му избива на лицето и тоа ми го кине срцето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А сакам, така, одоколу да го помолам да не си го кине срцето. Така ни било заведено од наречниците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А јас не мрдам со малиот прст. Ми се кине срцето.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Сеќавањето на мајка си му го кинеше срцето затоа што таа почина сакајќи го, додека тој беше премногу млад и себичен за да ѝ возврати со љубов и затоа што на некој начин, - не се сеќаваше како - таа се беше жртвувала себеси на едно сфаќање на лојалноста, кое беше приватно и непроменливо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)