Затоа, токму затоа, сметам дека таквите укажувања што ми се упатуваат крајно се несериозни, а одлуката на Главниот штаб јас да не командувам со текот на операцијата, туку прв да го напуштам Грамос и да заминам за Вичо, во најмала рака, другари, е навредлива и потценувачка...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
На тој ден претседателите на месните заедници, стануваа провинциски наполеони и можеа да командуваат со ограничен број на човечки ресурси.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Во општество без стил и вкус, меѓутоа, можно е полковници и мајори да „филозофираат”, т.е. да командираат со филозофијата, генерали да историзираат, т.е. да маневрираат со историјата, а неквалификуваната аграрна работна сила да литературизира, т.е. да ја „обработува” литературата, да ја „преорува” книжевната „ливада”.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Тогаш кога командуваа со нас, да ми велеше некој дека тие се многу расипани луѓе, ќе им пукав меѓу очи.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тој командуваше со една огромна сенишна армија, една подземна мрежа од конспиратори посветени на соборување на Државата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кикицас, сѐ уште притиснат од сомнежот што се појави кај него, нервозно праша: - А кој ќе командува со операцијата? - Јас, Ѓорѓи, ќе командувам - рече Маркос.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)