Твојата библиотека во минијатура ме потсетува на големата француска Национална библиотека на улицата Ришелје во Париз, каде што во почетниот дел се чуваат големите речници! коментира во шега Климент Камилски откако ги разгледа внимателно сите книги на чардакот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Климент Камилски коментира во себе, а подоцна тоа му го пренесе дискретно во еден разговор на Татко, дека и цензурата во сталинистичкиот комунизам по војната била само една од балканските варијанти на западната инквизиција во однос на забраната на книгите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски замислено повторно коментира во вид на прашање: Но балканвавилонизацијата ќе доцни во споредба со европобалканизацијата?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)