Мислам дека по овие негови објаснувања си ги запишав во сеќавањето зборовите корнењето нокти, потоа и молчењето како избор затоа без да го коментирам она што го рекол, во еден момент во изминатите денови бев забележал: Корнењето нокти веројатно е многу болно.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Всушност можеби само за да ме збуни а можеби и да ме исплаши повеќе пати ми имаше спомнато дека во текот на последната војна, службите на окупаторот, слични на неговата служба, ја практикувале специјалноста да им ги корнат ноктите на затворениците кои ќе се определиле за молчењето како начин на однесување при испитувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Водата надоаѓаше сѐ посилно, ми ја поклопи главата и ме давеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Да можеа да се доберат до него во таа долга ноќ, ќе го дереа и ќе му ги корнеа ноктите, ќе го наденуваа на зашилено јасеново стебло.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Почекај, ќе те фатиме и ќе ги врзуваме опинците и објалата со твои жили.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Гребев со прстите по ѕидовите, го корнев ѕидот, ѕидот ми ги корнеше ноктите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)