Иако потоа живееше во Бугарија и беше на бугарска служба, Баласчев не еднаш го креваше гласот во полза на својата поробена и подоцна раздробена татковина.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но никој не си го креваше гласот против.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
По Втората светска војна јаничарството се интернационализира со создавањето на моќните меѓународни алијанси, кои главно функционираа врз јаничарски принцип.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се крева глас против современото, маскирано нео-јаничарство, кое е составен дел на процесот на глобализацијата: Нашата планета Земја постојано се јаничаризира.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Најпрвин на зачудениот Али-бег му го споменал своето пријателство со мулазимот на градот, потоа им се заканил на неговите слуги кога разбрал дека преку ноќ урнале недоградена воденица на селаните.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Отфрлен и потценет од угледните бегови, жолтолик, жолтоок и жолтобрад, под широката облека со повеќе коски отколку што му се нужни на еден мислител, не сфаќајќи дека попусто крева глас и дека дури и селаните бегаат од него, се решил да појде во Стамбол и да ја обвини грабежливоста.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Беше убеден дека улогата на еден митрополит е да ги брани вистинските вредности и високо да го крева гласот кога тие се загрозуваат.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Така, острите напади на владиката не останаа без одговорот на новите власти.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Не е нервозна како тетка Ане, или понекогаш како што е мајка ми и речиси никогаш не го крева гласот кога ќе ја налутиме.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Во времето на вечниот генерален директор (Ј. Ќука) – работниците се изиграни од него и од тогашното раководство: имено, наместо акциите за коишто вработените даваа и до 50% од платата за да ги купат и за кои мислеа дека се од централата на АД „Охис“ – Скопје, ним им се [про]дадени акции од фабриката што произведуваше течно стакло ГЕС Гостивар, која имаше многу помала реална вредност и којашто подоцна оди под стечај2 (оваа фабрика и раководството ја купуваат со парите кои вработените ги даваат за откуп на акции од АД „Охис“ – Скопје).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Поради кревањето глас и „бунењето“ против оваа свесна измама врз работниците, Љ. Н. е тргнат од работното место и е прогласен за технолошки вишок, заедно со други работници во новоформираната „Група 99“ (група која е составена од работници што го креваат гласот поради изиграноста и поради ова бунење 167 се прогласени за технолошки вишок и се избркани од работа).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
И кој за што чека. Шега ли е, толку народ...
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Но старицата го крева гласот до целосна пискотница.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)