О
ти располагаш со бол
во тебе се прекршува колективот
и други показатели
О
во тебе се креваат револуции
граѓански војни
и љубов - збирна множина
О
во тебе паѓаат снегови
снегови
О
во тебе тапани
нерви и
булки од секакво потекло
О
во тебе се Тие
О
во тебе отпадоци
остатоци
недостатоци
вертикали и
разновидни
интимни
чувства
О
ти си едно минато
неопределено време
О
можеби си човек.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
„Можеби се работи за историска навика на турско-ропска потчинетост, заради која Младотурците морале сами против себе да креваат револуција?“ – се досетив.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Во минатото, средните креваа револуции под знамето на еднаквоста, а потоа воспоставуваа нова тиранија, веднаш по соборувањето на старата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Затоа и така храбро пее за фиктивната одмазда врз клетиот Турчин што ги силува македонските жени; затоа храбро им пцуе мајка на кодошите, крева револуција со вербални бомби и куршуми за пет минути во кафеана, по три жолти ракии, во сѐ на сѐ три строфи, и ослободува цели нации во еден рефрен.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)