Маса народ тргната од некаде за некаде, се движи како несопирлив бран украсен со разнобојни транспаренти што поединци ги носат кренати високо над главите, со знамиња што се веат над нивните глави, со извици што се креваат до небото и со барање на кое мора да се излезе во пресрет.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Кожата ми се крева до под колена и ме чеша, ме јаде под завојот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сѐ што ми треба е хипноза. Онаа засладувачка материја која те крева до облаците.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Со бес во утробата што му се крева до повраќање, и со метеж во мозокот што не знае каде му е главата, Баге се метка по улиците на градот како билјардска топка под последен удар.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)