Чана! Златните они! и силно ја заграбува прво Пелагија, се стопуваат во една прегратка и долго стојат така, стопени, како едно цело, а после ги крева рацете, а Чана ги вчапува и ја крева кон своето широко лице, исто така разлеано од радост!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
4 Во празничната мугра во која од земјата испарувале ноќните сенки и се кревале кон разредените облачиња без движење, над мртвите ридишта останала само уште една ѕвезда.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ако ги следите внимателно затскриените зад тагата погледи што избегнуваат да се сретнат, или дланките што одвреме навреме се креваат кон челата за да ја симнат онаа леплива сенка која дури ни најупорната желба не може да ја избрка од челото, ќе го сфатите она што сакам да ви го предочам.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Го кланца крај увото и пак го крева кон небото. Го ѕирка на едно око.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Темно е пред мене, Патот дално далечен А занесот бесконечен, Светлината во мене Ја осветлува празнината Ме крева кон височината.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Младите жени ќе ги креваат кон сонцето своите црвенолики деца.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Знаел зошто Куно Бунгур не може да заспие: кога Фиданка Кукникова ја донела ракијата и ја оставила дружината да пие за среќа на нејзиниот протеран маж, му се насмевнала. Нему, на тој млад и чувствителен човек.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пареата од устите им се крева кон небото.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)