И јас, што од зафатеност, што од слабост спрема него, што од радост дека ќе се направи нешто во тоа место, кај таа куќа што ја сакав, не кренав врева. Грешев, ама ексик парите!
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кренавме врева, почнавме на мајка ми да бегаме додека Киле послушно веќе си ја врзуваше шамијата преку капата и преку ушите и под брадата.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Но во тој момент се крена врева од извици и од татнеж на тешки возила што допираше некаде од лево.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кога кренавме врева, татко ми потскокна од местото да нѐ тепа, ама како секогаш, тука се јави дедо: - Полека- рече тој. – Слушајте ваму вие бесници низаедни, па ваше нека биде, ама прво ќе излезете надвор, ќе се фатите за џерот среде гумното и додека не изброите секој до триесет, назад да не се враќате! Добро?
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Во моментот кога Милан и мачорот се појавија на терасата, родителите кренаа врева обидувајќи се да ги охрабрат своите мали и неразвиени гавранчиња да ги употребат своите крилца.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)