крене (гл.) - око (имн.)

Милка се наведна над клупата и заплака. Срам ѝ беше да ги крене очите и да ја погледне учителката и своите другарчиња.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Крај огинот останаа само Аргир и Веле. Обземени од своите мисли, тие и двајцата долго стоеја загледани пред себеси, без да проговорат или да кренат очи да се погледнат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ги обриша таа солзите, па ги крена очите кон Богдана: „Знаете ли зошто падна в затвор?
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Таа постоја малку како да не чула, ги крена очите кон него, го погледна и како да ѝ пукна нешто во неа, му рече тивко: „Ајде...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во еден миг ги кренав очите кон облаците, кон небесата и што да видам?!!
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Милка се наведна над клупата и заплака. Срам ѝ беше да ги крене очите и да ја погледне учителката и своите другарчиња.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Долго гледаше на онаа страна, кон Рамни Ливади, а потоа ги крена очите кон небото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А сега?, крена очи таа. Јас се вртев, молчев, се думав.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Момиченце нељубено, крени очи-бадемлии - крени очи - моја даси...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
„Што ти нема, Борисе?" со мака ги крена очите Онисифор Проказник; и погодуваше: „Пушката, нели?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги крена очите кон мене. „Ѓаволот му е ортак на Никола Влашки“, ми довикна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Излегов на чардакот и во теравење го видов Арсо Арнаутче под кривото дрво.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имаме челник, тој нека ни објасни чии прсти пораснале.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Да го вратиме в седело!“ - предложи едно дете, но сите беспомошно ги кренеа очите кон стреата што се издигаше високо, високо - цели четири ката над нив.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Билјана молчеше. Неколку пати ги крена очите, ползејќи со погледот по тополите угоре, до нивните врвови што се забиваа во небото...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)