Сиџилот беше нецелосен. Фрагментот во кој се криела тајната на семејството.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Претпоставуваше дека во него се крие тајната за корените нанеговото семејство по мајкина линија.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Пепелта, при неговите занесени читања, која како да патуваше од книга во книга означувајќи една од варијантите на потрагите по балканскиот лавиринт, за мене значеше линија на нова потрага во која се криеја тајните на Татковиот живот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Дали, откривајќи ги сиџилите, пишувани на старото, на архаичното арапско писмо, во кои сѐ уште се криеја тајните на хуруфистичките еретици, Татко продолжуваше да верува во задоцнетата светлина на спасот на Балканот!
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
А дождот сѐ уште тивко паѓа и ги крие тајните наоколу...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Зошто во Македонија се беа помешале младото и старото вино во една мешина, во која се надвјасуваа меѓусебно, па се закануваа секое со својата жестина да создаде што посилен ветер, ураган во чие око се криеше тајната која не знаеме каде ќе нѐ однесе. А таму, во тоа око, кој може да навлезе? ***
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ако животот е казан во кој си додаваш и готвиш посно, масно, мешаш, посолуваш, ги криеш тајните финти од сите други или им ги шепнуваш само на најдобрите пријателчиња, колку да се знае што готвач на животот си.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Но имаше уште, оти кога клопчето на тајните се одмотува, подолго изгледа одошто кога оној што крие тајна го замотува: на следното ливче, о бедни и благоутробни, го најдов родословието мое, тајната на светиот крст на грбот што го носев!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Од друга страна, прифаќање на материјализмот (читај физикализмот) самото по себе не значи и решение на загатката.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Нема сомневање дека современите научни испитувања, особено оние на полето на науката за мозокот, наведуваат на тоа дека токму тој орган на некој начин ја крие тајната на духот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Можеби во тоа повторување на животот се крие тајната на вечноста на уметноста!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
По својата потрага, тивко ми рече: Фреските се цртани пред векови, но луѓето се истите, со пламната боја на лицата, колку и да ги збрчкала патината!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во најсуптилните пори на умот се крие тајната на животот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Книгите, за Мајка, содржеа секогаш нешто свето, Божјо, во кое се криеја тајните на нашето спасување во времињата на егзилот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во секој нејзин посребрен кичер се криеше тајната на нејзиното страдање, вкоренето во длабочините на нејзината душа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)