Попот зовре уште толку и престана веќе да оди кај Рожденката да и крсти вода, од инает не побара кутол на Митровден и сите поскури што ги носеше Нешка в црква ги враќаше назад или му ги даваше на крмникот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Поп Трајко крсти вода, Бино со децата од III и IV одделение одговараше на ектенијата, Толето и Бојана, кое веќе беше во III одделение, го рече апостолот и се заредија сите со ред по даскалот да го бакнат крстот и да ги чукне попот со босиловата китка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)